ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ОД 23,990!! – (02) 323 - 8463

 Fujitsu Hitachi
       

Централна климатизација

За изведба на централна климатизација постојат повеќе начини и изведби.
Најчест начин и изведба е со: централна ладилна машина, агрегат (чилер) со кој се разладува вода (или мешавина на вода и антифриз, гликол) која пак се дистрибуира до повеќе извршни елементи (изменувачи) преку кои се врши кондиционирањето на воздухот во просториите.

 

Централни ладилни машини (чилери) за ладење

Постојат многу изведби на вакви машини, но најапликативни се:

-Воздушно ладење машини, воздух-фреон-вода, кои одземената топлина од просториите, преку водата и фреонот ја исфрлаат во воздухот

 

chillers

-Водено ладени машини, вода-фреон-вода, преку кои одземената топлина од просториите, преку водата и фреонот ја исфрлаат во друг извор на вода,односно преку друг воден изменувач.

 

water cooled

 

 

Топлински пумпи – за ладење и греење

Исто така постојат многу изведби на вакви машини, но најапликативни се:

-Воздушно ладење топлински пумпи, воздух-фреон-вода, кои одземената топлина надворешниот воздух,преку фреонот и водата ја предаваат во извршните елементи (изменувачи) во просториите и на тој начин го враќаат загревањето во нив.

-Водено ладење топлински пумпи, вода-фреон-вода, преку кои одземената топлина од водата, преку фреон и ја предаваат во извршните елементи (изменувачи) во просториите, односно и на тој начин го враќаат загревањето во нив.

Извршни елементи (изменувачи)

Најчесто се користат како примопредавање на енергијата во просториите за нивно кондиционирање:

  • Водени изменувачи (вода-воздух):
  • Вертикално вентило-конвентори со центрифугални и тангенцијални вентилатори
  • Касетни вентило-конвектори
  • Клима комори

Предности на централна климатицација:

  • Релативно мал и централен простор за поставување на разладни агрегати (чилерите)
  • Поставување на покрив или покрај објект (воздушно ладени).
  • Поставување внатре во затворена просторија (водено ладени)
  • Централизирана регулација
  • Примена кај големи објекти, со големи потреби од ладни капацитети

Апликација за централна климатизација

  • Деловни згради
  • Стамбени згради
  • Фабрики и производствени погони
  • Трговски центри
  • Спортски сали
  • Аеродромски згради
  • Згради за државна администрација ….. и многу други

Вентило-конвектор – имаат најчеста и најширока примена,во сите видови простории, канцеларии, соби и помали простории.

Поделба според начинот на користење:

  • За двоцевен систем (со еден изменувач кој се користи и за ладна и за топла вода)
  • За четвороцевен систем (со два изменувачи, посебна батерија за ладна вода, посебна за топла вода)

Поделба според изведбата на вентилаторот

  • Со центрифугални вентилатори
  • Со тангенционални вентилатори

Поделба според поставеноста во просторот

  • Хоризонтални (високо под плафон или скриени во спуштен плафон)
  • Вертикални (за ниска парапетна монтажа со вертикален издув)

Поделба според видливоста

  • Со украсна видлива маска
  • Без маска (за вградување во спуштен плафон или изработка на друг вид обложување и украсување)

acc.exterior

  • Касетни вентилоконвектори – имат примена во големи отворени простории,се монтираат во спуштен плафон и се гледа само украсениот панел . Обично сите касетни вентило-конвектори имаат вградено пумпа за одвод на кондензат и можат да се поставуваат централно во просторот.

 

deeee

  • Каналска вентило- конвектори (hydro-blower) се опремени со можни вентилари со кои воздухот што го кондиционираат можат да го избуткаат преку воздуховоди (канали) на поголеми растојанија и преку издувни решетки во спуштениот платфон да го дистрибуираат рамномерно во целиот простор. Кај нив може дополнително да се уфрлат и поголеми количини на свеж воздух со што се добива на поголем квалитет.

indoor

  • Клима комори – се користат за централна припрема на голема количина на воздух, модуларни се и можат да бидат составени од повеќе секции (филтерска, овлажувачка, разладна, топлинска, рекуперативна, вентилаторска, мешачка и други видови на секции).

Најчесто се користат за кондиционирање на воздухот за големи отворени простории:

  • Производствени хали,
  • Аеродромски холови,
  • Изложбени салони
  • Операциони сали
  • Други болнички сали
  • Хотелски ресторански сали и многу други примени
  • Трговски центри
  • Спортски сали

 

sport halls

Контакт

  • ул.Даме Груев блок 2, лок.4 ,Центар
  • Скопје
  • + 389 2 3238 463
  • + 389 2 3161 600
  • + 389 2 3115 452

 e-mail: info@hidroset.mk

www.hidroset.mk 

Локација

Испрати порака

© Hidro set DOOEL Skopje 2023