За изведба на централна климатизација постојат повеќе начини и изведби.
Најчест начин и изведба е со: централна ладилна машина, агрегат (чилер) со кој се разладува вода (или мешавина на вода и антифриз, гликол) која пак се дистрибуира до повеќе извршни елементи (изменувачи) преку кои се врши кондиционирањето на воздухот во просториите.
Каналските клима уреди најчесто се користат за полу-централна и централна климатизација. Нивната главна предност предност е тоа што имаат центрифугални вентилатори со кои може воздухот да се издува низ воздуховоди (канали) и да се дистрибуира низ повеќе решетки на повеќе места во просторот.Обично се со поголеми капацитети (од 18000-60000 Btu/h) и се местат во спуштен плафон. Од задната (повратна) страната може да приклучат на свеж воздух со кој се добива повисок квалитет на климатизираниот воздух во просторијата.
Низ повеќе годишнотот работење од самиот почеток најзастапени по број се популарните сплит системи (splited) – раздвоени кои се најпрактични за монтажа и истовремено заради раздвоениот кондензатор и компресор (надворешна единица) од испарувачот (внатрешна единица). Практичноста и достапноста на цената овозможија масовна продажба на вакви единици низ годините од најразлични производители.